12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеновирана Клиниката за очни болести

Реновирана Клиниката за очни болести

Од Клиниката за очни болести информираат дека се завршени градежните и реконструктивни зафати за реновирање на оперативниот блок и сите хируршки интервенции се вршат во новите оперативни сали.

Станува збор за простор од околу 400 квадрати метри, чие последно реновирање беше направено пред речиси 20 години (во 1998 година) и веќе не ги задоволуваше стандардите и потребите на Универзитетската клиника за очни болести. Бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминатите години, на пример, во 2007 година се оперираа по 20 пациенти неделно, додека последнава година, во просек, по 100 пациенти се оперирани во една недела.

Како резултат на зголемениот број пациенти за операција на катаракта и големата фреквенција во оперативниот блок се појави потреба од проширување на просторот со преадаптација и припојување на досегашната библиотека, во составен дел на оперативниот блок.

Паралелно со овој процес е завршено и реновирањето на стационарот на клиниката, кој зафаќа простор од 900 квадратни метри и каде што целосно се обновени болничките соби, нови прозорци, врати, ѕидови, подови, нови болнички кревети, плакари.

Исто така, во меѓувреме се набавени и нови апарати за: факохирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија и други, со кои се овозможија услови за безбедна хирургија, се овозможи зголемување на бројот на оперирани пациенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП