3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските резерви во злато ќе достигнат највисоко ниво од пред 17 години

Руските резерви во злато ќе достигнат највисоко ниво од пред 17 години

Владимир Путин игра главна улога во одржувањето на златото. Откако рускиот претседател започна геополитичка офанзива во Украина во 2014-та година, активно го одбележа својот прв годишен раст од пред четири години во 2016-та година и е на пат да постигне уште еден во 2017-та година, коментира Bloomberg.

Искористувајќи ги економските и политичките превирања од Северна Кореја до Брегзит, златото е една од најпродуктивните суровини во оваа година.

Во исто време Руската централна банка го зајакна за над два пати темпото на купување на злато, зголемувајќи го делот на суровината во меѓународните резерви до највисокото ниво, откако Путин дојде на власт пред 17 години, покажуваат податоците на „World Gold Council“. Само во вториот квартал банката направи 38% од сите набавки на злато од страна на централните банки.

„Златна треска“ и овозможува на Руската централна банка да продолжи да ги зголемува своите резерви, додека во исто време се воздржува да купува девизи повеќе од две години. Таа е една од ретките централни банки кои ја задржаа довербата во благородни метали, додека глобалната побарувачка падна на двегодишно ниско ниво во вториот квартал.

„Златото е предност, кој не е зависен од ниедна влада и всушност, тоа е предност поради која што обично се држи во резерва – од ниедна западна влада“, вели Метју Тарнер, аналитичар во одделот за метали во „Macquarie Group“ во Лондон. „Ова можеби изгледа привлечно во поглед на финансиските санкции против Русија“.

Покрај тоа што е најголемиот официјален купувач на злато, Русија е и меѓу трите најголеми производители во светот, а централната банка купува од локални рударски компании преку комерцијални банки, а не од отворениот пазар.

Откако почна да го забрзува купувањато на злато во 2007-ма година, сопственоста на Русија порасна над 4 пати до 1716 тони кон крајот на јуни, со што останува малку зад Кина, но е пред Турција, Индија и Мексико земени заедно, посочува „World Gold Council“. Така, уделот на злато во руските резерви од 427 милијарди долари е близу до 17%.

Ако Русија продолжи да купува со истото темпо, „World Gold Council“ вели дека годишниот раст во 2017-та година „може силно да доближи“ 200-те тони, кои ги купуваат годишно во 2015-та и 2016-та година. Од Руската централна банка одбиваат коментар во врска со ова прашање.

Иако цената на златото сè уште покажува пораст од 11 отсто во 2017-та година, во септември таа падна на најниско ниво од август и ја објави својата најголема месечна загуба во оваа година. Федералните резерви на САД планираат да ја заострат монетарната политика да ја одземат атрактивноста на металот додека се обновува доларот. Златото моментално се тргува со 0.11% до 1273.24 долари за унца.

Голем дел од златото во руските резерви не и пречи премногу на „Fitch Ratings“ – единствената голема кредитна агенција која и дава на земјата повисок рејтинг од „ѓубре“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП