2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка ги зголеми прогнозите за Источна Азија и регионот на Пацификот

Светската банка ги зголеми прогнозите за Источна Азија и регионот на Пацификот

Светската банка ги зголеми прогнозите за економскиот раст на земјите во развој од Источна Азија и Пацификот за оваа и следната година. Институцијата, сепак, додаде дека целокупниот позитивен изглед е намален од ризиците како што се зголемување на трговскиот протекционизам и геополитичките тензии, објави „Ројтерс“.

Банката сега очекува Источна Азија и Пацифичкиот регион кој ја вклучува Кина да порасне за 6,4 отсто во 2017-та година и 6,2 отсто во 2018-та година.

Претходната априлска прогноза изнесуваше 6,2% за оваа година и 6,1% за следната година.

„Економските перспективи за регионот остануваат позитивни и ќе се добие од подобрена надворешна средина и силна локална побарувачка“, вели Светската банка во својот најнов извештај за регионот.

Перспективите сепак се соочуваат со ризици од растечкиот протекционизам врз трговијата и економски национализам, кои може да „удрат“ врз глобалната трговија, како и од евентуална ескалација на геополитичките тензии во регионот.

Се по непријателските изјави на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун во последниве недели предизвикуваат загриженост за погрешни сметки, кои може да доведат до војна, особено откако Пјонгјанг го извршија шестиот и најмоќниот нуклеарен тест на 3-ти септември.

„Поради централната улога на регионот во глобалниот превоз на стоки и синџирите на индустриски набавки ескалацијата на овие тензии може да ги прекине глобалните трговски текови и економската активност“, вели Светската банка.

Ова може да биде придружено со нестабилноста на финансиските пазари, што може да има негативно влијание врз економскиот регион. Покрај тоа, може да има одлив на капитал во потрага по посигурни локации, соопшти банката.

Според Светската банка економијата на Кина ќе се зголеми за 6,7% во 2017-та година и со 6,4% во 2018-та година. Претходните прогнози беа за 6,5% и 6,3%, соодветно за оваа и следната година.

Се очекува економскиот раст во Кина да достигне умерено темпо во 2018-19 година, откако економијата се ребалансираше од инвестиции и надворешна побарувачка кон локална потрошувачка, вели банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП