16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предупредува: Долгот се таложи, опасноста расте

ММФ предупредува: Долгот се таложи, опасноста расте

Растечкиот долг на домаќинствата може да даде брз поттик за економскиот раст, но и да ги зголеми ризиците од појава на финансиска криза на среден рок, предупреди ММФ.

Долгот на домаќинствата од финансиската криза во 2008 година до 2016 година значително пораснал, бележејки скок од нивото од 52 проценти на 63 проценти од БДП во развиените економии, покажува денес објавеното истражување на водечките економисти на ММФ, пренесува агенцијата Франс прес.

Во земјите во развој, долгот на домаќинствата е понизок, но во истиот период пораснал од 15 проценти на 21 процент од БДП.

„Повисокиот долг на домаќинствата е поврзан со поголема веројатност од избивање на банкарска криза, особено кога долгот е висок, како и поголем ризик од пад на цените на акциите на банките“, се наведува во извештајот.

Задолжувањето им овозможува на домаќинствата купување на стока и услуги, што ја зголемува потрошувачката и вработеноста и придонесува за економски раст, но после година или две тој однос започнува да дава негативни ефекти, оценува ММФ.

Долгот на домаќинствата во САД во вториот квартал оваа година го проби преткризното ниво, достигнувајќи 12,800 милијарди долари, според податоците на њујоршкиот оддел на американската Управа на федерални резерви (ФЕД).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП