7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЈубилејно издание на „Актер на Европа“

Јубилејно издание на „Актер на Европа“

Легендата на францускиот и европскиот театар, Марсел Бозоне, кој половина век со своите креации оствари брилијантна уметничка одисеја, на 6 јули во 21 часот во амфитеатарот во Ресен ќе биде прогласен за актер на Европа 2017.

Во присуство на амбасадорот на Франција и претседателот на Светската асоцијација на театарски критичари, Жорж Бани, ќе биде прикажан документарен филм за лауреатот Бозоне, а во чест на јубилејот на фестивалот ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, и ректорот на Националниот универзитетот за филм и театар од Букурешт, Николае Мандеа, ќе потпишат меморандум за заедничка соработка.

По повод јубилејот ќе бидат доделени три големи повелби „Балканот – срцето на Европа“ на личности што оствариле капитален придонес во основањето и развојот на фестивалот. Од Македонија ова високо признание ќе го добие поранешниот министер за култура и долгогодишен селектор на фестивалот, Благоја Стефановски, потоа публицистот од Косово, Ќани Мехмеди, и актерката од Грција, Криса Јоаниду.

Натпреварувачкиот дел ќе биде отворен со претставата „Идиот“ според делото на Достоевски, во изведба на академскиот театар од Букурешт, а во следните денови на фестивалот ќе бидат презентирани ексклузивни театарски остварувања од Бугарија, Косово, Србија, Франција, Грција, Хрватска. Жирито со кое претседава Мето Јовановски на завршната вечер ќе ги прогласи победниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП