6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата отвори пат за исплата на платите во „Колска“

Владата отвори пат за исплата на платите во „Колска“

Владата на Македонија на вчерашната седница донесе одлука да се зголеми паричниот влог на основната главнина на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, со што се обезбедени условите за правно спроведување на одлуките што обезбедуваат редовно работење и исплата на заостанатите плати во ова друштво.

Министрите во Владата ги разгледаа и статистичките податоци за кривични предмети за корупцијата за 2016 година.

Притоа Владата задолжи повеќе министерства за седум дена да номинираат членови за работната група која ќе ја прегледува и ажурира методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциската политика во согласност со препораките на Европската комисија.

ЕК врз основа на оваа статистика ќе стекне сознанија за справувањето со корупцијата во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП