6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА7,5 милиони литри пиво испиени на „Октоберфест“

7,5 милиони литри пиво испиени на „Октоберфест“

„Октоберфест„ денеска ќе ги затвори вратите. Оваа година манифестацијата ја посетиле 6,2 милиони луѓе, а на врвот на бројот на посетители од странство се туристите од САД, Велика Британија и Австрија, соопштил директорот на „Октоберфест“, Јозеф Шмид.

Со тоа, бројот на посетители повторно порасна откако лани поради лошите временски услови и стравот од терористички напади падна на 5,6 милиони.

Шмид, исто така, рекол дека оваа година „Октоберфест“, поради спојување со Денот на германското обединување, кој се празнува денеска, траеше два дена подолго од вообичаеното.

Со зголемениот број посетители порасна и количината на изедена храна и испиено пиво.

Така, за време на „Октоберфест“ се изедени, меѓу другото, 127 волови, 59 телиња, а се испиени 7,5 милиони литри пиво.

Традиционалната кригла пиво од еден литар чини меѓу 10,6 и 10,9 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП