4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово задолжување на државата од 72 милиони евра

Ново задолжување на државата од 72 милиони евра

Државата денеска се задолжи за нешто повеќе од 72 милиони евра од домашните банки, осигурителни друштва, компании и физики лица.

Станува збор за аукции на 6-месечни државни записи со девизна клаузула, 12-месечни државни записи без девизна клаузула, 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула, 3-годишни државни обврзници со девизна клаузула и 15 годишна државна обврзница со девизна клаузула.

Планираниот износ на задолжување на Министерството за финансии на оваа аукција изнесуваше 3.800.000.000 денари, но износот на задолжување достигна 4.444.240.000 денари или нешто повеќе од 10 милиони евра од планираното.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП