28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT ја унапредува понудата на моделот 500L (фото)

FIAT ја унапредува понудата на моделот 500L (фото)

Откако ова лето ги рестилизираше сите три варијанти на модели од Крагуевац, „FIAT“ одлучи да понуди уште една верзија на овој автомобил – со ознака „City Cross“.

Возилото со пакетот „City Cross“ е заснован на „крос“ варијантата на моделот „FIAT 500L“, па има стилски детали кои според дизајнот го прават сличен на „crossover“ автомобилите.

Новата верзија ексклузивно ќе се продава на избрани пазари во Европа, а автомобилот се одликува со зголемено растојание од тлото за 25мм и 17 инчни фелни кои доаѓаат како стандарден дел од опремата.

На купувачите ќе им бидат понудени девет бои за надворешноста, меѓу кои е и уникатната портокалова нианса (Sicilia Orange), во комбинација со црн покрив.

Внатрешноста, исто така, е достапна во повеќе варијанти на бои и дизајни на тапацири, што ја зголемува можноста за персонализација на возилото, на што „FIAT“ инсистира кај моделот „500L“.

Кожниот волан, клима уредот и темпоматот се стандардни, како и „Uconnect HD Live“ мултимедијалниот систем со гласовна команда и Bluetooth конекција.

Како опција може да се нарача и поглем, 7-инчен „touchscreen“ мултимедијален уред, со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ функции за поврзување на смартфоните.

Моторизацијата на моделот „500L City Cross“ опфаќа три бензинци, 1.4 со 95 кс, 0.9 со 105 кс и 1.4 со 120 кс, како и комбинирани верзии со бензиски погон на течен нафтен гас, исто така 1.4 со 120 кс.

Тука се и двете дизел верзии, 1.3 со 95 кс и 1.6 со 120 кс.

Цената на пакетот „City Cross“ за сега не е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП