6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на Министерството за финансии со првиот цариник на Хрватска Хрвоје Човиќ

Средба на Министерството за финансии со првиот цариник на Хрватска Хрвоје Човиќ

Денеска тимот на Министерството за финансии и Царинската управа предводен од министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски остварија средба со директорот на Царинската управа и помошник министер за финансии на Хрватска Хрвоје Човиќ и претставници на хрватската царина.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, од страната на директорот на хрватската царина беа споделени искуствата и реформите кои ги спровеле во евроинтегративниот процес.

Од страна на тимот на Министерството за финансии беа изложени плановите и идеите за реформите во Македонија, особено промените во акцизното законодавство и воведување на нови современи ИТ системи, кои наидоа на мошне позитивни реакции од хрватската страна.

Како што беше истакнато од првиот цариник на Хрватска Човиќ, Македонија има силна поддршка и партнер во Хрватска во процесот на интеграција кон ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП