29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonarch Airlines пропадна, блокирани повеќе од 110.000 патници

Monarch Airlines пропадна, блокирани повеќе од 110.000 патници

Повеќе од 110.000 патници се блокирани во странство, а на многумина од нив парите со кои купиле билети нема да им бидат вратени бидејќи се откажани сите летови на британската авиокомпанија „Monarch Airlines“.

Компанијата банкротираше вчера, а на сите патници во Велика Британија им е соопштено воопшто да не одат на аеродром.

Владата и наложи на Управата за цивилен авиосообраќај да обезбеди повеќе од 30 авиони за враќање на патниците назад во Велика Британија во текот на наредните две недели, пишува Дејли мејл.

Патниците кои доаѓаат во Велика Британија и Европа се известени дека нивните летови се откажани, додека 300.000 резервации, вклучувајќи 750.000 патници, исто така, се откажани.

Овој колапс, најголемиот кој го погодил британскиот авиосообраќај, се случи вчера во 3 часот.

Патниците кои купиле пакет-аранжмани ќе бидат вратени дома бесплатно или средствата ќе им бидат надоместени, но патниците кои имаат само билет за летот ќе останат без парите.

Повеќе од 2.100 лица од оваа авиокомпанија дознаа дека останале без работа, а претходно ништо не им било кажано во врска со можноста за банкрот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП