6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците оптимисти, во касата планираат суфицит

Грците оптимисти, во касата планираат суфицит

Грција го претстави нацрт буџетот за наредната година, кој предвидува забрзување на економскиот раст на 2,4 проценти и поголем примарен суфицит.

Примарниот суфицит, според нацрт буџетот, ќе изнесува 3,57 проценти од БДП во 2018 година, што е во склад со целите кои се договорени со меѓународните кредитори и повеќе во однос на проектираниот суфицит од 2,2 проценти за оваа година, додека стапката на невработеност треба да падне на 19 проценти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Грчките власти за наредната година планираат и нова емисија на обврзници во вредност од преку 1,1 милијади евра, која ќе поразбира и замена на старите обврзници со нови.

Долгот на земјата, како што се проценува, ќе порасне на 327,9 милијарди евра од проектираните 318,7 милијарди евра од оваа година.

Грција од 2010 година доби два пакети меѓународна помош вредна повеќе милијарди евра, а во моментот на располагање е и третиот, од кој би требало да излезе во август 2018 година и да се врати на меѓународните пазари на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП