6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoE: „Банкари подгответе дополнителен капитал, ќе биде потребен“

BoE: „Банкари подгответе дополнителен капитал, ќе биде потребен“

Британската централна банка (BoE) им наложи на сите банки во земјата да го зголемат нивото на капитал за 11,4 милијарди фунти (14,5 милијарди долари).

Така, советува BoE, ќе се заштитат од економските ризици поврзани со Брегзит, растечкото ниво на потрошувачки кредити и надворешните шокови како што е забавувањето на економскиот раст на Кина.

„Комитетот за финансиска политика (FPC) ја зголеми стапката на контрацикличниот заштитен слој на капиталот на 0,5 проценти од 0 проценти“, се наведува во најновиот извештај на Bank of England за финансиската стабилност, а пренесува агенцијата Ројтерс.

BoE минатата година одлучи да ја намали стапката на бараното ниво на капитал за банките за да го поттикне кредитирањето на домаќинствата и компаниите, но британската економија оттогаш, според оценките на финансискиот комитет, оствари подобри резултати од очекуваните, а и се појавија некои ризици кои бараат мерки на претпазливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП