7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛас Вегас: Убиени најмалку 58 лица, 500 ранети

Лас Вегас: Убиени најмалку 58 лица, 500 ранети

Засега властите на Невада потврдуваат дека најмалку 58 лица се убиени, а повеќе 500 лица се ранети кога напаѓачот отворил оган врз посетителите на фестивал за кантри-музика во Лас Вегас.

Неговиот идентитет не е потврден, но од полицијата наведуваат дека станува збор за белец на возраст од 60-ина години, кој живеел во пензионерска заедница.

Како што подоцна беше соопштено, Педок е сметководител кој поголем дел од својот живот го минал во Невада.

Се наведува дека тој имал пилотска и дозвола за лов, а поседувал и цел арсенал оружје.

Напаѓачот, кој во Лас Вегас уби најмалку 58 лица, а рани повеќе од 500, идентификуван е како Стивен Педок, на возраст од 64 години, соопшти полицијата.

Си-ен-ен наведува дека напаѓачот пукал од 32. кат на хотел врз насобраните посетители на фестивалот. Телевизијата наведува дека имало и над 30.000 посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП