6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТешко е да поверувате во ова: Што е тоа што жените го...

Тешко е да поверувате во ова: Што е тоа што жените го сакаат повеќе од успешна кариера?

work3

Резултатите од истражувањето, кое опфатило повеќе од 2.000 вработени жени над 25 години, биле шокантни посебно за модерните феминистки.

По децениска борба за рамноправност на работното место, многу Британки признале дека повеќе сакаат да бидат домаќинки отколку да имаат успешна кариера.

Сепак, нивната желба е „тајна“ бидејќи чувствуваат притисок да живеат независен начин на живот.

Верувале или не, дури 62 проценти од жените признале дека потајно посакуваат да бидат домаќинки. Истражувачите потоа ги прашале дали себеси би се промовирале во независни жени на што 65 проценти одговориле дека би се промовирале, само затоа што чувствуваат притисок од околината.

Повеќе од половина од испитаничките признале дека би сакале да работат во домаќинството, затоа што „бркањето“ на кариера е многу стресно.

Она што секако е најинтересно во ова истражување е податокот кој вели дека 78 проценти од жените велат дека би им пречело финансиски да зависат од партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП