7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкото производство со најбрзо темпо во изминатите девет години

Грчкото производство со најбрзо темпо во изминатите девет години

Грчкото производство е зголемено во септември, со најбрзо темпо во изминатите девет години, што условува поголема побарувачка за вработување на домашниот пазар на трудот и зголемено производство, покажуваат резултати од економска анализа.

Во анализата на Маркит (Purchasing Managers Index) регистрирано е зголемување во економијата на државата на 52,8 од августовските 52,2 отсто. Тоа е најголем процент од јуни 2008 година. Над 50 проценти означува експанзија на економските активности.

Домашната побарувачка е главен двигател за растот, поради тоа што новите нарачки се зголемени на највисоко ниво во изминатите 3,5 години. Забележливо за септември е и мало намалување на новите експорт-бизниси. Стапката на невработеност во Грција е 21,1 отсто во вториот квартал од годината и е највисока во еврозоната.

Аналитичари сметаат дека зголемената побарувачка ги натерала производителите да го зголемат производството четврти месец по ред, односно со најголемо темпо во изминатите девет години, поддржано од потрошувачите и капиталните добра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП