6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската индустриска активност на петгодишен максимум

Кинеската индустриска активност на петгодишен максимум

Активноста во кинескиот индустриски сектор силно се зголеми во текот на месец септември, пред се благодарение на големите фабрики, ублажувајќи ја загриженоста дека оваа втора по големина светска економија може да забави пред традиционалниот годишен состанок на Комунистичката партија.

Кинескиот PMI индекс скокна на 52,4 во септември, што претставува негов петгодишен максимум, додека очекувањата на аналитичарите беа на ниво од 51,5 поени. Ова забрзување на индустриската активност се должи на поголемата побарувачка на домашниот и на меѓународниот пазар, како и на поголемото производство на потрошувачка стока пред националниот празник.

Одделни економисти забрзувањето на индустриското производство го доведуваат во врска со претстојните божиќни празници и испораката на нарачки неколку месеци однапред, со цел фабриките да ја заобиколат се порестриктивната владина борба против загадувањето.

Меѓутоа, активноста на помалите индустриски играчи забави во текот на минатиот месец. PMI показателот опадна во текот на септември на 51,0 од 51,6 поени во август, што одделни аналитичари го сметаат за последица на владино строго контролирање на еколошкото прашање што се одрази на ефектот, пред сè, на помалите производители кои имаат помала контрола на емисијата на штетни гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП