7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија: Во буџетот 1,2 милијарди евра вишок

Бугарија: Во буџетот 1,2 милијарди евра вишок

Буџетот на Бугарија според прелиминарните податоци на Министерството за финансии на крајот на септември оствари вишок или суфицит од 2,38 милијарди лева, односно 1,2 милијарди евра.

Според тие податоци, суфицитот во буџетот изнесува 2,4 отсто од планираниот бруто домашен производ (БДП), соопшти Министерството.

Салдото на националниот буџет забележа подобрување во однос на истиот период од 2016 година, главно на база на растот на даночните приходи.

Истовремено, состојбата на средствата од ЕУ во текот на оваа година бележи пад поради подмирувањето на обврските настанати на крајот на 2015 година.

Бугарија е најнезадолжената држава во регионот и припаѓа на групите земји во ЕУ, чиј член е, со најмал долг, а министерот за финансии, Владислав Горанов, претходно изјави дека земјата во оваа година нема да се задолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП