5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се зголемат субвенциите за оризот

Ќе се зголемат субвенциите за оризот

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски вчера од Кочани најави зголемување на субвенциите од 18 илјади денари по хектар засеана површина со ориз, односно дополнителни 18 илјади денари на постоечките субвенции по хектар.

„Со ваквото значително зголемување на субвенциите сакаме да ги мотивираме оризопроизводителите, но и покажуваме колку ни е важна оваа култура за овој регион и за Македонија. Освен зголемувањето на субвенциите, во наредниот период ќе работиме на обезбедување непречен пласман на оризот, но и изнаоѓање на нови пазари – рече Николовски.

Министерот информира дека досега за мерката засеана површина со ориз се исплатени 80 милиони денари субвенции, и дополнителни 15 милиони денари за произведена и предадена арпа.

Зборуваше и за мерките кои се преземаат во насока на развој на производството на ориз, при што нагласи дека во рамки на соработката на земјите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина формирана е асоцијација за промоција на земјоделството со седиште во Софија, во која членува и Република Македонија.

Токму преку асоцијацијата, рече тој, во наредниот период се планираат неколку проекти меѓу кои за нас е многу значаен проектот за поставување демонстративно поле за одгледување нови хибридни сорти ориз со потекло од Кина, кои се карактеризираа со висок квалитет и значително поголеми приноси.

Според него, подобрувањето на сортниот однос на оризот како важна житна култура за Република Македонија согласно барањата на пазарот е неопхподно, доколку сакаме да го зголемиме пласманот и неговата конкурентска способност. За таа цел, додаде Николовски, ќе отпочне со работката помеѓу Националниот истражувачки центар за хибриден ориз од Кина од каде ќе биде пренесена оваа напредна технологија за производство, заедно со земјоделскиот факултет од Пловдив, Републикиа Бугарија и Институтот за ориз од Кочани, во чии рамки се планира реализацијата на овој прокет.

Николовски истакна дека во втората половина на октомври преставници од Кина и Бугарија ќе престојуваат во посета на Кочани и на Институтот за ориз, за да ја согледаат состојбата и да ги утврдат понатамошните активности.

Наш приоритет е, истакна Николовски, да создадеме производство со висока додадена вредност кој ќе биде конкурентен на странските пазари.

„Тоа можеме да го постигнеме во производството на ориз и да го направиме кочанскиот ориз со препознатлив квалитет ширум светот. За постигнување на оваа цел од значење е подршката на научните проекти за примена на напредните технологии – рече Николовски, кој присуствуваше на зажнејување на оризот во Кочани во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Според него, оваа манифестација е добар начин да се потсети на добриот квалитет на кочанскиот ориз и да се даде подршка на неговиот пласман во и надвор од границите на државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП