1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија прв пат по 1971 оствари трговски суфицит

Шпанија прв пат по 1971 оствари трговски суфицит

shpanija3

Длабоко потоната во рецесија, Шпанија прв пат по 1971 година оствари трговски суфицит, тој во март изнесуваше 634,9 милиони евра како резултат на намалениот увоз поради слабата домашна побарувачка, објави Министерство за економија на Шпанија.

Четвртата најсилна економија во еврозоната во март го намалила увозот за 15 проценти во споредба со истиот период минатата година. Увозот во март оваа година изнесувал 19.653 милијарди евра, а извозот се зголемил за два проценти, на 20.288 милијарди евра.

Пред една година, во март 2012 година, Шпанија имаше трговски дефицит од 3.245 милијарди евра.

Министерството објасни дека шпанскиот извоз во земјите од Европската унија е намален за 8,1 проценти поради кризата која владее, но затоа земјата својот извоз го насочи кон другите пазари, како што е Блискиот Исток, Африка и САД, каде економската перспектива е повеќе поволна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП