2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчка бизнис делегација на билатерален економски форум во Скопје

Грчка бизнис делегација на билатерален економски форум во Скопје

Грчка бизнис-делегација, предводена од Киријакос Лефакис, ќе престојува два дена во Македонија, на билатерален економски форум во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, под покровителство на Универзитетот Колумбија од САД.

Покрај учество на форумот, грчката делегација ќе има и средба со претседателот на ССК Данела Арсовска, како и со претставници на ССК. Планирани се и посети на неколку компании – членки на Сојузот на стопанските комори. На форумот ќе присуствува и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.

Грчката бизнис делегација е од агро-бизнис секторот, градежништвото, прехранбената, млечната, винската, хемиската и челичната индустрија.

Билатералниот македонско-грчки економски форум се одржува како резултат на веќе воспоставените добри деловни релации меѓу организациите од двете земји. Во 2015 година, првпат од осамостојувањето на Република Македонија, ССК го потпиша првиот билатерален Договор за соработка по што се одржа и првиот грчко- македонски бизнис форум во Солун кој го отвори градоначалникот на Солун Јанис Бутарис.

Според програмата на форумот, по официјалниот дел ќе се одржат и Б2Б средби.

– Билатералниот економски форум е одлична можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, воспоставување повисоки облици на соработка, партнерства, заедничко учество на проекти како и настап на трети пазари, велат од ССК.

Воедно информираат дека престојот на стопанствениците од Грција во Македонија ќе биде проследен и од националните грчки медиуми кои се дел од бизнис делегацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП