понеделник, 23 мај 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја го забрани собирањето на капитал со издавање на нови виртуелни...

Јужна Кореја го забрани собирањето на капитал со издавање на нови виртуелни валути

Јужнокорејскиот финансиски регулатор извести во петокот дека ќе забрани собирање на капитал со издавање на сите нови форми на виртуелни валути, предупредувајќи на можноста за финансиски измами.

Сите видови на почетни понуди за дигитални валути (ICO) ќе бидат забранети бидејќи трговијата со виртуелни валути треба строго да се контролира и следи, објаснуваат во Комисијата за финансиски услуги.

„Се чини дека во светот зачести собирањето на капитал преку почетна понуда на дигитални валути и нашата проценка е дека ICO е се почест и во Јужна Кореја”, истакна регулаторот во соопштението по средбата со претставници на министерството за финансии, централната банка и даночната управа.

Најавени се „строги казни” за финансиските институции и сите учесници во такви проекти, без наведување на било какви детали.

Одлуката за забрана на ICO за потребите за собирање на капитал и вложување во нови виртуелни валути е донесена поради тоа што Владата смета дека таквите инструменти го зголемуваат ризикот од финансиски измами. Се надоврза на слични објави во САД и во Кина чии регулатори ги загрижи зголемениот обем на тргување со криптовалути.

Јужнокорејските регулатори наведоа дека најавената забрана не значи дека владата имплицитно прифаќа тргување со виртуелни валути како составен дел од финансискиот систем. Истакнуваат дека ќе продолжат да го следат пазарот за да проценат дали е потребна дополнителна регулатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП