4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали Citibank полека ја напушта Русија?

Дали Citibank полека ја напушта Русија?

Рускиот огранок на американската банка „Citibank“ значително го намали своето работење, пренесуваат руските медиуми.

Експертите сметаат дека оваа банка полека се подготвува да го напушти рускиот пазар, доколку односите меѓу Москва и Вашингтон дополнително се влошат.

Во последните две години банката затвори половина од своите канцеларии и значително го намали издавањето на кредитни картички за јавноста, пишува Комерсант.

Од 2014 година бројот на приватни клиенти на „Citibank“ е намален за 40 отсто на 600.000 луѓе.

Како што пишува весникот, овој тренд почна да се забележува по ладењето на односите меѓу Русија и САД поради Крим и источна Украина.

Извори на Комерсант наведуваат дека „Citibank“ моментално издава многу мал број на кредити и дека ова е намерна политика на американската банка.

Вака Банката ќе може брзо да ја прекине својата работа, доколку се зголеми политичката тензија, или се воведат нови санкции, се наведува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП