4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно, од недела потопло

Денес променливо облачно, од недела потопло

Времето денес ќе биде променливо облачно, преку денот со почести сончеви периоди по должината на Повардарјето, а утрото ќе биде свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 15 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во средината на денот со почести сончеви периоди, а наутро ќе биде свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 8 до 19 степени.

Од недела следува период на посончево и малку потопло време преку денот, но со ниски утрински температура. Преодно наоблачување со услови за повремен дожд на северот се очекува од средината на следната работна седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар