22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефицата на ММФ: Биткоинот не претставува закана за постојниот систем

Шефицата на ММФ: Биткоинот не претставува закана за постојниот систем

Шефицата на ММФ, Кристин Лагард, им препорача на централните банкари да не се противат на воведувањето нови методи на работа, и да не ги отфрлаат виртуелните валути, како што е биткоинот.

Говорејќи на конференцијата на британската Централна банка, Лагард призна дека дигиталните валути, како што е биткоинот, во моментов не претставуваат посебна закана за постојниот систем, бидејќи се “премногу нестабилни, премногу ризични и бараат премногу енергија”, а додаде дека и некои биле хакирани.

Таа, сепак, рече дека технолошките иновации на крајот би можеле да влијаат на таа област и дека “затоа можеби не би било мудро да се отфрлат виртуелните валути”.

“Виртуелните валути во иднина би можеле да бидат силни како другите валути”, рече Лагард.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар