30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје починаа четири бебиња

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје починаа четири бебиња

Вчера вечерта на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје починаа четири бебиња.

Докторката што била дежурна таа вечер е суспендирана, а Комисијата за стручен надзор допрва ќе утврдува од што починале новороденчињата кои биле во инкубатори.

Според информациите, бебињата биле предвремено родени или со претходно констатирани мултиоргански засегања и застој во растот.

Едното бебе било родено во 25. гестациска недела, другото во 27. недела и имало сериозни невролошки проблеми и проблеми со некои органи. Другите две биле родени во 29. недела, од кои едното со претходно утврден застој во растот во матката, а другото со предвремено прсната плодова обвивка и бактерија кај мајката.

По смртта на бебињата, инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат вршат вонреден надзор на Клиниката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП