2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена инфо-линија за потребите на земјоделците и агробизнисмените

Отворена инфо-линија за потребите на земјоделците и агробизнисмените

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од денеска отвори инфо-линија наменета за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани со цел навреме да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат.

Телефонските броеви на кои ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се 071/204-137; 070/415-314; 070/415-389.

Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 8 часот наутро до 17 часот попладне.

„Преку инфо-линијата земјоделците и агробизнисмените ќе може да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите други информации од областа на земјоделство. Воедно, преку инфо-линијата ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и информации за незаконски дејства“, соопшти МЗШВ.

Воведувањето на инфо-линијата како модел за транспарентност е новина и првпат се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП