2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради вежба на МВР денес ќе бидат затворени крстосниците пред Амбасадата на...

Поради вежба на МВР денес ќе бидат затворени крстосниците пред Амбасадата на САД

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре претпладне, 30 септември, ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе може да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Од МВР информираат дека поради реализацијата на вежбата, ќе има и привремено затворање на крстосниците во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

„Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и американската амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации“, велат од МВР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП