3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолема грчка бизнис делегација на билатерален економски форум во Македонија

Голема грчка бизнис делегација на билатерален економски форум во Македонија

Голема грчка бизнис делегација пристига во Скопје на Билатерален економски форум, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), а под покровителство на Универзитетот Колумбија од САД.

Билатералниот економски форум се одржува како резултат на веќе воспоставените добри деловни релации меѓу организациите од двете земји.

Во 2015 година за првпат од осамостојувањето на Македонија, ССК го потпиша првиот билатерален договор за соработка по што се одржа и првиот грчко-македонски бизнис форум во Солун кој го отвори градоначалникот Јанис Бутарис.

Грчките компании присутни на форумот доаѓаа од агробизнисот, прехрамбена индустрија, индустријата на млечни производи, на производство на вино, од градежништвото, хемиската индустија, како и челичната индустрија.

Билатералниот економски форум претставува одлична можност за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, за воспоставување повисоки облици на соработка, за партнерства, заедничко учество на проекти како и настап на трети пазари.

Бизнис делегацијата која два дена престојува во Македонија како гостин на ССК ќе има можност да посети компании членови на комората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП