2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАнѓушев: Проблемот со Колска е решен, обезбедени се пари за плати и...

Анѓушев: Проблемот со Колска е решен, обезбедени се пари за плати и за репро материјали

Проблемот во фабриката за шински возила Колска од Велес е надминат и е изнајдено подолготрајно решение за функционирање на компанијата, рече денеска заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

„По вчерашниот штрајк на работниците од Колска, утринава лично бев во фабриката за да се видам со работниците и да им потврдам дека Владата има решение за нивниот проблем, бидејќи очигледно дека некој манипулира и пренесува погрешни информации на работниците. Владата донесе заклучок со кој се обезбедени 15 милиони денари за Колска, со кои не само што ќе се исплатат плати, туку ќе се искористат и за набавка на репро материјал, за да фабриката продолжи да работи. Многу важно за работниците е фабриката да има иднина и да продолжи да работи и функционира, а сето тоа ќе се изведе во рок од 7-10 дена, согласно законските процедури “, изјави Анѓушев.

Работниците на Колска очекуваат надминување на нивните повеќегодишни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП