3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВикендот е само за вас - Заборавете на работата

Викендот е само за вас – Заборавете на работата

vikend2

По напорната недела и големиот број на завршени обврски редно време е да се опуштите, исклучете го мобилниот, заборавете на меилот и сите нешта кои се поврзани со деловниот свет. Уживајте во викендот така што вниманието ќе ви биде насочено само кон вашиот личен живот.

Денешниот свет невозможно е да се замисли без интернет, мобилни мрежи, телевизија и сите нови чуда на модерната технологија.

И кога ќе помислите како денес невозможно е да издржите само пола ден без пристап на интернет, не ви е јасно како луѓето нормално функционирале и работеле само со фиксен телефон, факс и машина за пишување.

Можеби некој ќе каже дека тоа биле среќни и безгрижни времиња, кога сите ја вршеле работата исклучиво од работното место. Денес сите знаеме дека тоа е невозможно. Повеќето од вработените свесно ја пренесуваат својата работа во својот дом. Но, овој викенд за промена, не правете го тоа! Уживајте во слободните денови.

Дали навистина е потребно да спиете со мобилен телефон до вашата глава и да реагирате веднаш на секоја пристигната порака?

Се зависи од природата на работата. Да бидеме реални, повеќето пораки не се толку важни за веднаш да одговорите. Вашата повратна порака не значи прашање на живот или смрт.

Ако луѓето околу вас ги навикнете дека одговарате на секоја пратена порака, и дека ја обавувате работата во било кое време од денот, независно дали тој ден не сте на работа, тие секогаш на тој начин ќе се однесуваат кон вас.

Почитувајте го вашето слободно време и опуштете се! Уживајте во викендот, ви посакуваме убав викенд исполнет со многу радост!!!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП