27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите штанцаат, произвеле 820 милиони смартфони

Кинезите штанцаат, произвеле 820 милиони смартфони

Кинеските производители во првите седум месеци од оваа година, произвеле 820 милиони паметни телефони.

Кинеското министерство за индустрија и информациони технологии (MIIT) ги објави статистичките податоци за кинеските производители на електронски уреди во периодот од јануари до јули оваа година.

Според објавените податоци, кинеските производители во споменатиот период произвеле 1,100.82 милиони парчиња мобилни уреди, што е раст од 4 проценти на годишно ниво.

Во таа количина од мобилни уреди, 820,75 милиони се паметни телефони, што е пак раст од 3,4 проценти на годишно ниво.

Кинеските производители на почетокот на годината исто така произвеле и 95,34 милиони лап топ компјутери, 46,37 милиони таблети и 25,06 милиони десктоп компјутери. Станува збор за раст на бројот на лап топ компјутерите од 11 проценти, пад на бројот на произведени таблет уреди за 0,2 проценти и раст на произведените десктоп компјутери од 8,2 проценти.

MIIT исто така наведува и податок дека во истиот период кинеските производители произвеле 81,55 милиони ЛЦД телевизори, што е пад од 8,3 проценти на годишно ниво. Од наведениот број 54,32 милиони се паметни телевизоти, што е пад од 2,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП