Италијанскиот производител на автомобили Фиат би можел да го премести своето седиште во САД по завршувањето на спојувањето со Крајслер, соопшти Блумберг, повикувајќи се на извор близок до компанијата.
Во моментов седиштето на Фиат се наоѓа во Торино, каде што компанијата е основана во 1899-та година.
Шефот на компанијата Серџо Маркионе ја разгледува можноста да ја пренесе главната канцеларија во САД, бидејќи Северна Америка е главниот пазар и извор на профит за Фиат. Минатата година компанијата доби 75 проценти од оперативниот профит токму од таму. Конечната одлука се уште не е донесена, истакнува изворот, додавајќи дека се разгледуваат и други опции.
„Ова едвај може да се смета за добра вест. Иако пренесувањето во САД не значи затворање на фабрики и скратување на производството во Италија, тоа ќе биде чекор кој ќе ја влоши иднината на Фиат во нашата земја”, изјави заменик- министерот за труд Крало дел Аринга.