25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПринцот принуден да се позајмува, овој пат милијарди долари

Принцот принуден да се позајмува, овој пат милијарди долари

Саудиска Арабија мора да позајми уште пари, и тоа во милијарди.

Овој пат за тоа ќе се обиде преку обврници. Кралството соопшти дека позајмило на тој пазар 12,5 милијарди долари од меѓународните инвеститори, трет пат за помалку од една година.

Најновиот долг ќе пристига во рати: 3 милијарди долари за пет години, 5 милијарди за 10 години, и 4,5 милијарди за 30 години.

Крахот на цените на нафтата во изминатите две години ги поремети и финансииите на Саудиска Арабија, што доведе до голема дупка во буџетот на Кралството. Познато е дека дефицитот во моментот изнесува 71 милијарда долари.

Саудиска Арабија го претстави планот да го избалансира својот буџет до 2020 година, тој план е дел од големиот проект за економска реконструкција – попознат како Визија 2030 кој го најави принцот престолонаследник.

Целиот тој проект е креиран со цел да се намали зависноста од нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП