6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ќе го гради четвртиот мандат врз солидни економски основи

Меркел ќе го гради четвртиот мандат врз солидни економски основи

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе го започне четвртиот мандат во услови на зајакнување на економскиот раст, пад на невработеноста и зголемување на буџетскиот вишок, констатираа водечките германски економски интитути, зголемувајќи ги проценките за германскиот економски раст.

„Германскиот економски раст забрза и опфати поголем број на сектори“, констатираа од минхенскиот Ifo, берлинскиот DIW, IWH од Хале, IfW од Кил и RWI од Есен во најновиот полугодишен извештај.

Веруваат дека економијата веројатно нема да претрпи значителни негативни последици во случај на долготрајни преговори за новата влада по неделните парламентарни избори.

„Новата германска влада го започнува мандатот со значително поволен ветар кога станува збор за економијата“, констатираат институтите, кои очекуваат дека буџетскиот вишок наредната година ќе се искачи на 37,3 милијарди евра, и на 43,7 милијарди во 2019 година. Оваа година би требало да изнесува 28,3 милијарди евра.

Најголемата економија на Европа ќе порасне наредната година за два проценти, по овогодишните 1,9 проценти, проценуваат институтите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП