ЕКОНОМИЈА

Aмериканската економија со најбрз раст за последниве две години

Економијата на САД во вториот квартал забележа поголема стапка на раст од првобитното предвидената и изнесува 3,1 отсто на годишно ниво, што претставува најголем економски раст во последниве 2 години.

Растот на бруто-домашниот производ на САД во периодот април – јуни беше поголем од прелиминарните проценки од 3,0 отсто, соопшти денеска американското министерство за трговија, пренесува АП.