17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо сто илјади охридска пастрмка порибено Охридското Езеро

Со сто илјади охридска пастрмка порибено Охридското Езеро

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Охрид, заедно со Хидробиолошкиот завод и со Државниот инспекторат за земјоделство, учествуваше во порибување на Охридското Езеро со 100.000 подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка.

Оваа количина е дел од планираните 2.500.000 единки за целото езеро. Активноста започна на 11 овој месец и континуирано ќе се спроведува до првата половина на октомври. Пастрмката е на возраст од 6 до 9 месеци, со тежина од три грама и должина до седум сантиметри.

Станува збор за редовна активност во согласност со Законот за рибарството и аквакултурата, со што државата е задолжена за порибување на рибoловните води врз основа на риболовната основа изготвена од надлежните овластени институции.

За оваа активност во програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата се предвидени средства во износ од 10 милиони денари. За изведување на вештачкиот мрест и порибување на езерото, Министерството склучи договор со ЈНУ „Хидробилошки завод“ од Охрид и со Институтот за сточарство при УКИМ – мрестилиштето „Шум“ од Струга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП