4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на милионери во Русија вртоглаво порасна

Бројот на милионери во Русија вртоглаво порасна

Бројот на милионери во Русија на крајот на 2016 година пораснал 19,7 отсто и сега изнесува 182.000, се наведува во истражувањето на „Ворлд велт рипорт“.

Сега Русија по бројот на милионери е на 15. место во светот. Лидери по бројот на милионери се САД (4,8 милиони луѓе), Јапонија (2,9 милиона) и Германија (1,2 милион). На четврто место е Кина со 1,1 милион милионери. Во овие четири држави живеат 61 отсто од вкупниот број милионери во светот.

Минатата година бројот на милионери во светот пораснал 7,5 отсто во споредба со 2015 година и изнесувал 16,5 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП