21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе Грци страдаат од депресија и алкохолизам

Се повеќе Грци страдаат од депресија и алкохолизам

grcijaalko1

Големата економска криза ги доведе Грците во очајна ситуација да посегнат по алкохол, се зголемува и бројот на депресии, а расте и бројот на лица кои не можат да си ги купат основните лекови.

Резултатите од опсежното истражување, кое го спроведе екипата од експерти и професори на Универзитетот во Атина, покажуваат дека 92 проценти од мажите и 70 проценти од жените редовно конзумираат алкохол.

Длабоката економска криза, поголемиот број Грци ги доведе до многу тешка економска ситуација, таа влијае на бројот на граѓани што конзумираат алкохол во таа земја.

Според Здружението на медицинските работници во Атина, економската криза влијаела и на порастот на случаите на депресија.

Спред истото истражување, економската криза во таа земја влијае и на учениците и студентите.

Секој втор студент во Грција изјавува дека поради тешката економската криза постигнува слаби резултати во училиште.

Економските проблеми предизвикале и пораст на самоубиствата ширум Грција.

Според некои истражувања, поради економска криза во земјата, 58 проценти од граѓаните се соочуваат со проблемот на несоодветните здравствени услуги.

Дури 75 проценти од граѓаните немаат доволно пари за да си обезбедат лекови-пренесуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП