11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложена одлуката за напредокот на Брегзит

Одложена одлуката за напредокот на Брегзит

Лидерите на ЕУ треба да ја одложат одлуката планирана за октомври за тоа дали во преговорите за Брегзит е постигнат доволен напредок за да може да се премине на преговорите за трговија, се наведува во нацртите за резолуција на Европскиот парламент.

Ако не дојде до поголем продор, лидерите треба да ја одложат процената која би требало да ја изнесат на самитот во октомври, пишува АФП, кој имаше увид во резолуцијата и за која ќе гласаат пратениците во Стразбур следната недела.

ЕП го повикува Европскиот совет дека освен ако не се постигне значаен продор во согласност со оваа резолуција во сите три области за време на петтата преговарачка рунда, на самитот во октомври, да ја одложи процената за напредокот на преговорите.

Европските пратеници ќе имаат конечен збор за договорот за излез на Британија од ЕУ во 2019 година. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред два дена, по средбата со британската премиерка Тереза Меј, изјави дека до сега не е постигнат доволен напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП