8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на Галичник на Светскиот ден на туризмот

Промоција на Галичник на Светскиот ден на туризмот

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) симболично го одбележа Светскиот ден на туризмот со еднодневна тура низ Галичник. Оваа година претставува единствена можност за развој на одржлив туризам, како глобален и национален приоритет, вредна компонента за сите залагања за економски раст, заштита на културата и животната средина.

Цел на настанот е да се подигне свеста кај граѓаните на Македонија кои се главни чинители во развој на одржливиот туризам. Во овој дух дел од тимот на АППТ имаа можност да ги доживеат и искусат локалните продукти и активно да се вклучат во секојдневниот живот на локалното население.

„Туризмот во Македонија треба да го добие потребното внимание затоа што може да придонесе за сите пет димензии на одржливиот развој преку инклузивност на приватниот сектор, јакнење на капацитетите и меѓуинституционална соработка, при што се мобилизираат сите засегнати страни да работат заедно за да го направат туризмот катализатор за позитивни промени”- сугерира Александар Донев, директор на АППТ.

Сите граѓани треба да станат свесни дека Македонија со својата понуда станува дел од светската мапа на атрактивни и привлечни туристички дестинации во регионот, за туристи од целиот свет. Македонија со гордост може да им понуди на своите гости голем број содржини од културен, авантуристички и забавен карактер затоа што е специфичен спој на цивилизациски, културни, природни убавини и реткости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП