6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотпишано: Toshiba повеќе нема врска со чипови

Потпишано: Toshiba повеќе нема врска со чипови

Јапонската Toshiba потпиша договор за продажба на својот бизнис за производство на мемориски чипови на групацијата која ја предводи американскиот инвестициски фонд Bain Capital.

Цената е 18 милијарди долари.

„Потпишавме денес договор за продажба на сите акции од нашето работење со чипови по цена од 2.000 милијарди јени (18 милијарди долари), се наведува во соопштението на Toshiba, а пренесува агенцијата Франс прес.

Продажбата на тоа одделение на конзорциумот, чиј дел се и американските технолошки гиганти Apple, Dell, како и јужнокорејскиот производител на чипови Sk Hiniks, се доживува како клучен чекор за опстанок на јапонскиот конгломерат, кој прокнижи повеќе милијарди долари загуба пред да биде ставен под заштита од банкрот.

Бизнисот со чипови на Toshiba сочинува речиси четвртина од вкупните годишни приходи на тој конгломерат, наведува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП