ПочетнаЕКОНОМИЈАСевернокорејските компании непожелни во Кина

Севернокорејските компании непожелни во Кина

Во рок од 120 дена севернокорејските компании во Кина треба да ги прекинат своите дејности откако кинеските власти ја забранија нивната работа во земјата, потврди Министерството за трговија на Кина.

Мерката е преземена како одговор на ракетните и нуклеарните тестирања извршени од Пјонгјанг, а согласно со неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН.

„Соработката меѓу кинеските фирми и севернокорејските компании и поединци треба да престане“, се наведува во соопштението на Министерството.

Кина е најголемиот сојузник на Северна Кореја во последните години, но е под постојан притисок, особено од САД, да го заостри односот кон Пјонгјанг.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП