21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОд утре почнува меѓународниот детски фолклорен фестивал

Од утре почнува меѓународниот детски фолклорен фестивал

ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје во соработка со Град Скопје и со Министерството за култура по дваесетишести пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“.

Детскиот фестивал ќе почне утре и ќе трае до недела, 01.10.2017 година, а на него годинава ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Хрватска, Полска, Јакутија, Србија, Бугарија, како и македонски ансамбли.

Утре во 17:15 часот за гостите и за домашните ансамбли ќе се одржи богослужба во храмот Св. Климент Охридски, а по завршување на богослужбата учесниците продолжуваат на плоштадот Македонија каде што во 18:30 часот ќе биде свеченото отворање на фестивалот „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“.

По отворањето на Фестивалот настап ќе имаат сите групи, односно и станските и домашните учесници на фестивалот.

Во недела од 10 часот, како и изминатите години, за сите учесници на фестивалот ќе се реализира пикник во Лешок, Тетово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП