19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПребогато, мистериозно село кое никој не смее да го напушти (видео)

Пребогато, мистериозно село кое никој не смее да го напушти (видео)

Кинеското село Huaksi, сместено во провинцијата Jiangsu, оправдано се нарекува “селото на богатите”.

Секој од 2.000-те жители, кои официјално живеат тука, имаат повеќе од 143.000 долари на банкарска сметка и живеат во вила. Всушност, сите живеат во сосема идентични вили.

Но, постои клише. Ако го напуштите селото и одлучите да се преселите на друго место, ќе загубите сè што имате на банкарската сметка, се разбира и вилата, и поради ова правило, речиси никој не смее да замине, бидејќи тие ќе останат без ништо и ќе завршат на улица. Повеќето жители работат седум дена во неделата, па се поставува прашањето каде можат да ги потрошат сите тие пари?

Пред 30 години ова село беше едно сиромашно кинеско села, со население од 600 жители. Но тогаш, еден висок партиски претставник  дојде до идејата да донесе просперитет во селото. Тој наскоро основал неколку компании и  од сиромашни ги направил богати.

Медиумите се заинтересираа за Huaxi во 2004 година, кога беше објавено дека еден селанец годишно во просек заработува речиси 18 000 долари, што е значително повисоко од она што може да се заработи во другите кинески провинции.

Да се ​​демонстрира моќта на селото, во 2011 властите имаат изградено еден фасцинантен облакодер од 72 спрата, за чија изградба се потрошени 430 милиони долари.

Селото, исто така, има и транспортна компанија. Но не како што би очекувале да сообраќа по копно, туку од небо. Поточно, за транспорт на населението се користи хеликоптер, па така жителите за десетина минути може да дојдат во околните градови.

Постои голем тематски парк во кој се сместени реплики на познати објекти, како што се Големиот ѕид и Забранетиот град.

На прашањето за тоа како од сиромашно село, Huaxi дојде до сето ова, и натаму се уште се чува во тајност. Жителите не зборуваат за нивното богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот до медиумите е доста ограничен. Новинарите не можат да влезат овде пред одобрување на локалните власти.

Исто така, клубови и барови не постојат таму, па на крајот прашањето е навистина каков е животот во ова пребогато, таинствено село.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП