19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair повторно шокира: Половина милион патници без лет

Ryanair повторно шокира: Половина милион патници без лет

Нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“ објави дека откажува дополнителни 18.000 летови од ноември до март, со што се погодени речиси половина милион патници.

Оваа зима ќе бидат суспендирани летови на 34 рути, а на патниците им е понудена рефундација или обезбедување на алтернативни летови.

„Ryanair“ овој потег го опиша како „забавување на растот“, наведувајќи дека сообраќајот ќе го обавуваат 25 авиони помалку во флатата која брои 400 летала.

Патниците на кои влијаеа суспендираните рути исто така ќе добијат ваучер од 40 евра кој ќе им овозможи во текот на октомври да го резервираат било кој лет од октомври до март следната година.

„Ryanair“ претходно беше принуден да откаже повеќе од 1.600 летови од 19 септември до 28 октомври со образложение дека биле измешани распоредите за одмор на пилотите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП