10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија и Косово договорија заедничка царина, во најава и економска зона

Албанија и Косово договорија заедничка царина, во најава и економска зона

Албанија и Косово во најголемото албанско пристаниште Драч ќе имаат заедничка царина . Оваа го изјави на средбата со новинарите премиерот на Албанија, Еди Рама, по средба со премиерот на Косово, Рамуш Хајрадинај.

Рама рече дека проектот ќе се финализира на 27 ноември и додаде дека ,,Драчкото пристаниште не е само на Албанија бидејки тоа е и на Албанците од Косово ,затоа тоа пристаниште треба да биде заедничко“. Рама исто така ја изнесе оценката дека Албанија и Косово имаат можности да потикнат и заедничка економска регионална зона.

Албанскиот премиер Рама информираше дека е постигната согласност со неговиот косовски колега Хајрадинај и за функционирање на заеднички дипломатски претставништва на Албанија и Косово во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП