8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп предлага план за намалување на даноците

Трамп предлага план за намалување на даноците

Американскиот претседател Доналд Трамп и републиканците во Конгресот предлагаат план за намалување на даноците за физичките и за правните лица, поедноставување на даночниот систем и речиси двојно поголеми даночни олеснувања што ги користат мнозинството Американци.

Во предлогот за намалување се наведува дека со намалувањето на даноците ќе се создаде правичен систем кој ќе ги изедначи можностите и ќе го подобри статусот на американските работници, малите компании и семејствата од средната класа.

Според планот, речиси двојно ќе биде зголемен делот од приходите кој нема да се оданочува на 12.000 долари за поединци и на 24.000 долари за семејства.

Даночните стапки ќе бидат намалени на 3, 12, 25 и 35 отсто, а Конгресот ќе им можност да воведе и основица за луѓето што заработуваат многу. Моментно даночните стапки се движат од 10 до 39,6 отсто.

Од администрацијата на Трамп велат дека новиот даночен систем е фокусиран за да им се помогне на припадниците на средната класа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП