20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле на нова функција - претседател на Бундестагот

Шојбле на нова функција – претседател на Бундестагот

Досегашниот министер за финансии и член на претседателството на ЦДУ, Волфганг Шојбле, ќе ја преземе должноста претседател на германскиот Бундестаг, соопштија сестринските конзервативни партии ЦДУ-ЦСУ на канцеларката Ангела Меркел.

„Среќни сме што можеме да соопштиме дека Волфганг Шојбле се согласи да се кандидира за претседател на Бундестагот“, изјави Волкер Каудер од Унијата ЦДУ-ЦСУ.

Според извори на најтиражниот германски весник „Билд“, канцеларката Меркел му понудила на Шојбле, кој со години е во самиот врв на партијата и на политичкиот живот во Германија, да ја преземе функцијата спикер на парламентот, а тој таквата понуда ја прифатил.

Шојбле ѝ стана познат на европската и на светската јавност по острите мерки на штедење што ѝ ги наметна на Грција во периодот на длабоката економска и финансиска криза во оваа земја. Во домашната политика беше познат како штедлив министер кој се гордееше со намалувањето на дефицитот и со буџетската дисциплина.

Преговорите за формирање на новата влада, официјално, сѐ уште не се започнати. Покрај либералите, на Меркел ќе ѝ биде потребна поддршка и од партијата на зелените за да обезбеди мнозинство во новиот парламент. Социјалдемократите, по катастрофалниот изборен резултат, најавија дека одат во опозиција откако четири години ѝ беа коалициски партнери на партијата на Меркел во владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП