19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Баерн во Париз, Челси на „Метрополитано“

ЛШ: Баерн во Париз, Челси на „Метрополитано“

Париз, Мадрид и Лисабон, односно дуелите кои ќе се одиграат во овие градови во Лигата на шампионите, ќе бидат во фокусот на фудбалската јавност.

Дуелот на „Паркот на принцовите“ во Париз помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен е првиот сезонски дуел на тимови кои се во потесниот круг фаворити за освојување на титулата.

Во таборите на двата тима не можат целосно да се концентрираат на меѓусебниот дуел бидејќи атмосферата е нарушена во двете соблекувални.

ПСЖ трпи поради караницата помеѓу Нејмар и Единсон Кавани, додека во Баерн играчите (Левандовски, Робен, Милер) јавно ја критикуваат работата на тренерот Карло Анчелоти.

Вистинско дерби ќе се игра и на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Атлетико во својот прв европски меч на новиот стадион ќе го пречека шампионот на Англија, Челси.

Увертира на дуелот е и трансферот на Диего Коста од Челси во Атлетико за сума од 60 милиони евра. Сепак, Бразилецот нема право на настап на овој натпревар, за Атлетико ќе дебитира дури во јануари.

Атлетико на домашен терен во Лигата на шампионите игра брилијантно пред своите навивачи, на последните 23 натпревари има скор 18 победи, 5 нерешени и еден пораз. На 18 од овие натпревари Атлетико не примил гол.

Овие два тима играа во полуфиналето во ЛШ во 2014 година, во Мадрид беше 0:0, а во Лондон Атлетико победи 3:1.

Лисабон, односно Спортинг, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, ќе ја пречека Барселона, која има шест победи во првите шест натпревари во Ла Лига, а во првото коло во групата го порази Јувентус.

Група А:
Базел-Бенфика
ЦСКА Москва-Манчестер Јунајтед

Група Б:
ПСЖ-Баерн Минхен
Андерлехт-Селтик

Група Ц:
Атлетико Мадрид-Челси
Карабаг-Рома

Група Д:
Спортинг Лисабон-Барселона
Јувентус-Олимпијакос

Натпреварите започнуваат во 20:45 часот, исклучок е само дуелот во Баку помеѓу Карабаг и Рома кој ќе стартува во 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП